Травис Кофман преживеал напад на планински лав (пума) на тој начин што го задавил со голи раце.
31-годишниот Травис излегол на трчање на планина во Колорадо кога во еден момент му скокнал планински лав.
– Се оствари мојот наголем страв – признал Травис, опишувајќи го настанот, продолжувајќи: „Ги кренав рацете и почнав да викам. Ме зграпчи за зглобот бидејќи се обидував да го заштитам лицето. Цело време врискав. Се обидов да го оттргнал од себе и почнавме да се бориме. За сето тоа време не ми ја пушташе раката. Усепав да го притиснам со едната нога. Со рацете го дофаќав гранките околу нас и сакав да го убодам, но тие само се кршеа. Успеав да ја ударам со камен. Некако со нозете успеав да го притиснам на вратот и не го пуштав додека не умре“.
Травис изјавил дека му е жал што морал да го убие животното, но не бил ни свесен во текот на борбата.
Откако успеал да се спаси, тој истрчал уште пет километри до излезот од планинскиот парк каде сретнал уште некој кој трчал таму кој го придружувал понатаму.