Ирачанка ја роди првата седумка на Блискиот Исток

288

Во провинцијата Дијала во северниот дел на Ирак е родена првата седумка на Блискиот Исток. Мајката е 25-годишна жена која со нејзиниот партнер не планирале проширување на семејството.

– Не планиравме проширување на семејството, но ете, сега сме вкупно десетмина – рекол таткото Јусуф Фадл. Шест од бебињата се девојчиња, а едно е момче.

Портпаролот на здравствениот центар во Дијала изјавил дека мајката добро закрепнува, како и сите седум бебиња и додал дека тоа било „едно сосема нормално породување“ во нивната болница.

Инаку, првата седумка во светот е родена во 1997 година во Ајова, САД. Таа седумка, за разлика од оваа, е оплодена по вештачки пат. Сите од нив во 2016 матурираа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...