Се урна дел од универзитетот во Санкт Петербург, се спасија 86 лица

252

Дел од зградата на универзитет во рускиот град Санкт Петербург се урна попладнево, но сите студенти и професори кои се наоѓале внатре се безбедно евакуирани, соопштија службите за итни случаи.

Потврдено е дека 86 лица се безбедно евакуирани и не е пронајдено ниту едно тело под урнатините за време на спасувачката операција.

Ректорот на универзитетот, Владимир Василев изјави дека никој не останал затрупан под урнатините.

Инцидентот се случи денеска на Универзитетот за информатички технологии, механика и оптика додека се одржувала настава, пишува „Раша тудеј“. Претходно беше објавено дека најмалку 60 луѓе биле евакуирани од зградата по несреќата, а се стравува дека под урнатините се наоѓаат дури 21 лице.

На фотографиите кои се објавени по уривањето се забележува голема дупка на покривот од зградата, како и густа прашина.

Несреќата најверојатно е предизвикана од градежните работи во зградата, каде горните катови делумно се распаднале.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...