Судир со полицијата, кршење врати и прозори и молотови коктели на протестите во Албанија

Делегацијата на ЕУ во Тирана, во име на амбасадорите на земјите членки на Унијата, и Амбасадата на САД го осудија насилството на денешните антивладни протести и апелираат „страните да се воздржат од насилство“.

232
Photo: EPA / MALTON DIBRA

Масовните протести на албанската обединета опозиција ескалираа со пробивање на полицискиот кордон пред Владата, скршени врати и прозорци, фрлање молотов коктел и тврди предмети,поставување на партиското знаме на Демократската партуја пред Владата.

Полицијата беше приморана да фрли солзавец, по што оние кои се обидуваа да влезат во зградата се повлекоа.На објкетот на зградата има и снјаперисти.

Има повредени кои се транспортираат со амбулантни возила.

Според опозицијата на протестите има над 100 илјади граѓани,половина од нив од внатрешноста.

Поради многу тензичната ситуација албаскиот претседател Илир Мета експресо реаграше апелрајќи на водржанст за да се „избегне конфронтација“.

-Со посебно внимание ги следам случувањата и упатувам апел за воздржаност од сите страни за да се избегне конфронтација и наслство.Граѓаните треба да протестираат слободно и треба да се почитуваат институците,- порача Мета.

Делегацијата на ЕУ во Тирана, во име на амбасадорите на земјите членки на Унијата, и Амбасадата на САД го осудија насилството на денешните антивладни протести и апелираат „страните да се воздржат од насилство“.

-Делегацијата на Европската унија, заедно со сите амбасади на Унијата акредитирани во Тирана, ги повикува страните да се вратат на мирот и да се откажат од актите на насилство. Правото на граѓаните да протестираат поради нивното незадоволство треба да биде на мирен начин, како што тоа го гарантираат демократските институции. Уште еднаш го повторуваме апелот страните да се дистанцираат од насилство – стои во реакцијата на Делегацијата на Европската унија.

Со идентичен став се јави и амбасадата на САД во Тирана, која го осуди секој чин на насилство.

-Амбасада на САД остро го осудува насилството и уништувањето на државнот имот што се случи за време на денешниот протест во Тирана. Ние го поддржуваме правото на граѓаните на мирен протест, но уништувањето на јавниот имот и насилството не се прифатливи. Ги охрабруваме сите страни да покажат воздржаност и да го вратат мирот. Ги повикуваме сите политички партии да ги осудат овие акти и да ги преземат сите неопходни чекори за да гарантираат дека ситуацијата ќе остане мирна и конструктивна – стои во реакцијата на амерканската амбасада.

Претходно амбасадорот на Велика Британија во Тирана, Данкан Норман, исто така, реагираше и ги повика учесниците мирно да протестираат и да се дистанцираат од секаков чин на насилство.

Photo: EPA / MALTON DIBRA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...