Трамп ја поздравува Кина за смртната казна за нарко-дилерите

73
ФОТО: EPA / JIM LO SCALZO

Претседателот на САД Доналд Трамп го поздрави спроведувањето на смртната казна во Кина за дилерите на дрога, укажувајќи дека САД подобро ќе се справат со шверцот со дрога доколку ги егзекутираат криминалците.

Во Кина дилер на дрога добива нешто „што се нарекува смртна казна. Нашиот дилер на дрога добива нешто што се нарекува „што ќе кажеш за парична казна?, рече Трамп.

– Значи, ако сакаме да сме паметни, можеме да бидеме паметни. Може да се стави крај на проблемот со дрогата. Може да заврши многу побрзо, отколку што мислите – вели тој.

Ова не е првпат американскиот претседател да предложи САД да воведат смртна казна за кривичните дела поврзани со дрога.

Минатиот март, тој предложи САД да воведат смртна казна за нарко-дилерите.

Фото: EPA/JIM LO SCALZO

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...