Во париско метро маж нападнат со киселина

109

Париската полиција соопшти денеска дека во париското метро бил тешко повреден маж откако врз него е фрлена „непозната течност“, а француските медиуми го опишаа како „напад со киселина“.

Париското обвинителство соопшти дека е отворена истрага за обид за убиство.

Неидентификуваната жртва била нападната на линијата 1 (еден) на метрото, во близина на станицата Бастилја, во текот на утринскиот метеж.

Откако бил евакуиран од страна на службите за итни случаи, пружена му е помош поради големите изгореници на лицето и раката.

Полицијата соопшти дека напаѓачот е во бегство

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...