ЕУ ќе вложи 116,1 милиони евра за подобрување на квалитетот на животот на Европејците

301

Европската комисија денеска соопшти дека ќе вложи средства во износ од 116,1 милиони евра за најнови интегрирани проекти кои ќе се финансираат во рамки на програмата „Живот“, со кои ќе бидат опфатени Австрија, Бугарија, Чешка, Естонија, Финска, Грција, Унгарија, Италија, Португалија и Словенија.

– Новите средства во програмата „Живот“ ќе отклучат повеќе од 3,2 милијарди евра дополнителна поддршка од други извори на финансирање на ЕУ за 12 големи еколошки и климатски проекти во десет земји-членки за да се поддржи европската транзиција на ниско-јаглеродната и кружна економија, се наведува во соопштението.

Интегрираните проекти го подобруваат квалитетот на животот на граѓаните, помагајќи им на земјите-членки во усогласување со законодавството на ЕУ во пет подрачја: природа, вода, воздух, ублажување и прилагодување кон климатските промени.

Одбраните 12 проекти имаат вкупен буџет од 215,5 милиони евра, вклучувајќи ги и 116,1 милиони евра кофинансирање на ЕУ.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...