Според стручњаците, за намалување на крвниот притисок примарно е да се намали внесувањето на масти, сол и алкохол, а да се зголеми внесувањето на овошје и зеленчук, како и целовити житарки. Намирници кои можат да ви помогнат се следниве:
Боровници: Преполни се со флавоноиди, го снижуваат нивото на лошиот холестерол и го регулираат крвниот притисок. Тие се достапни речиси секогаш, а можете да ги додадете во својот појадок или да ги јадете наместо вечера.
Компир: Калиум и магнезиум, се два минерали кои помагаат за снижување на крвниот притисок а се наоѓаат во оваа намирница. Содржат и влакна кои се задолжителна состојка на секоја здрава диета.
Цвекло: Научниците од универзитетот Queen Mary во Лондон дошле до сознание дека пациентите со висок крвен притисок кои пиеле сок од цвекло покажуваат неверојатен напредок во снижувањето на крвниот притисок. Една друга студија заклучува дека за тоа се веројатно заслужни нитратите во сокот кои го снижуваат притисокот во рок од 24 часа.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.
Фото: Pixabey