Знаете ли што е флексибилно вегетаријанство?

Таканаречената флекситаријанска исхрана се базира на билни протеини, овошје и зеленчук и целовити житарки, со минимален внес на животински протеини, а освен здравствени предности, изгледа дека би можела да биде корисна и за околината

351

Знаеме дека исхраната е клучна за нашето здравје, но овојпат истражувачите најдоа начин на исхрана кој е еднакво добар и за нашата планета. Нашиот избор на храна е од голема важност, но постоечкиот начин на исхрана ја загрзоува иднината на нашата планета и здравјето.

EAT-Lancet Commission on Food, Planet, Health (ЕАТ-Лансет комисија за храната, планетата и здравјето, група основана за истражување на иднината на храната и одржливоста, објавила извештај кој се обидува да ги смени тие навики пред да биде предоцна. Извештајот собрал 37 стручњаци од 16 различни земји, специјализирани во области какви што се земјоделието, политичките науки, исхраната и околината за да искреираат смерници за најздравата исхрана на светот.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...