Омега-3 масните киселини го намалуваат ризикот од предвремено породување

Со преглед на повеќе од 70 клинички истражувања утврдено е дека зголемениот внес на омега-3 масни киселини со долг синџир во текот на бременоста го намалува ризикот од предвремено породување.

239

Научниците со систематски преглед на 70 рандомизирани истражувања ги проучувале податоците за повеќе од 20 илјади жени и откриле дека омега-3 масните киселини, во однос на плацебото, го намалува ризикот од предвремено породување.

Со други зборови, земањето на докозахексаенска киселина (DHA) и еикозапентаенска киселина (EPA) од рибата и рибиното масло го намалило ризикот од породување пред 37.недела од бременоста а 11 отсто, ризикот од породување пред 34.недела од бременоста за 42 отсто и ризикот од раѓање на дете со родилна тежина помала од 2500 г за 10 отсто.

Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...