Диета со чоколадо и вино

Диетата која својата популарност ѝ ја должи на фактот што поттикнува внесување на чоколадо и вино има име: сиртуинска диета.

284

Авторите на сиртуинската диета, Ајдан Гогинс и Глен Матен сметаат дека внесувањето на храна која ги активира т.н. сиртуини го поттикнува трошењето на масните наслаги односно слабеењето.

Освен вино и чоколадо, храна која се наоѓа на листата на активатори на сиртуини се и кафето, зелениот чај и јаболките, а самата диета е опишана во книгата The Sirtfood Diet.

Сиртуините се вид на протеини во нашето тело кои учествуваат во регулирањето на бројните важни процеси како што се метаболизмот, стареењето, смртта на клетките или воспаленијата.

Во човечкиот организам постојат 7 различни видови сиртуини, а најистражен е т.н. SIRT1. Се покажало деа токму овој протеин има улога во катаболизмот на мастите и холестеролот во црниот дроб и, меѓу останатото, ја поттикнува оксидацијата на масните киселини.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...