Шефот на белгиското воено контраразузнавање обвинет за шпионажа за Русија

127

Шефот на военото контраразузнавање на Белгија Клемент Ванденберг е привремено суспендиран  од должноста поради обвинение за шпионажа во корист на Русија, пишува весникот „Де Морген“.

Весникот пишува дека кабинетот на Нанденберг му бил запечатан уште на крајот на јануари, а тој се наоѓа во домашен притвор.

Властите се сомневаат дека тој уништувал доверливи документи. Нема детали за неговите контакти со Москва.

Извори за весникот велат дека активностите против Ванденберг може да се резултат на борба за власт внатре во службата.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...