Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во Македонија во јануари годинава изнесува 24.025 денари и е за 5,6 отсто повисока од јануари лани, објави Државниот завод за статистика.
Растот се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: „уметност, забава и рекреација“ (37,3 отсто), „рударство и вадење на камен“ (20,3 отсто) и „земјоделство, шумарство и рибарство“ (12,5 отсто).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: „уметност, забава и рекреација“ (31,4 отсто), „рударство и вадење на камен“ (10,1 отсто) и „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ (6,3 отсто).
Просечната месечна исплатена бруто-плата, пак, во јануари 2018 изнесува 35.225 денари