Ако досега секогаш сте го миеле пилешкото месо пред готвење, време е да престанете. Стручњаците велат дека со миењето на пилешкото не го решавате проблемот на бактериите и причинителите на болест, туку само ги проширувате на рацете и на кујнската крпа.
„Со миењето на сировото пилешко веројатно ќе ги раширите бактериите по цел кујна, вклучувајќи ги чистите површини како што се просторот а работа икујнските крпи“, наведуваат стручњаците.
Единствен делотворен начин за да ги уништите бактериите е готвењето, а ова правило важи и за рибата и за црвеното месо. Стручњаците советуваат месото евентуално да го избришете со хартиени салфети за да се ослободите од вишокот на влага, но секако и после тоа задолжително дезинфицирајте го садоперот и работната површина.
Освен тоа, немојте да ги миете ниту печурките, затоа што тие во подолг контакт со водата можатда се менуваат во смисол на вкусот и конзистенцијата. Подобро е да се избришат со хартиени салфети за да не ја загубат еластичноста и да не бидат воденести.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.
Фото: Pixabey