Кога децата се сигурни во цврстата врска со родителите, нивната енергија се усмерува на истражување, различни интереси, формирање идеи, па дури и поставување на некои цели.
Малите деца ова го изразуваат со зборовите „сам/сама ќе“. За вашето тригодишно дете тоа може да значи дека сака само да го врзе безбедносниот појас во автомобилот, а за вас тоа „сам ќе“, веројатно значи дополнителни 5 минути кога некаде сте тргнале да одите.
Потребата за допир, сигурност, топлина, врска и припадност е силна кога децата се мали и голем успех е да се изгради таква врска. Силните врски ги држат децата цврсто на земја додека чекорат низ животот.
Кога помладите деца ќе ви кажат дека сакаат да направат нешто „сами“ тие така ги поместуваат своите граници. Животна снага да станеме единствени и независни луѓе постои во секој од нас но клуч за нејзино актвирање е токму создавањето врски. Силната врска со родителите влијае на децата да станат свои луѓе и да се водат во животот од сопствените желби, идеи и склоности.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.
Фото: Pixabey