Американската Национална аеронаутичка вселенска администрација (НАСА) потврди дека мисијата на роботското возило „Опортјунити“ на Марс е завршена, откако што изгубиле контакт со него во јуни минатата година. Проектот траеше над 14 години.
Претставникот на НАСА, Томас Зурбучен вчера на прес-конференција во Пасадена, Калифорнија, изјави дека Соларниот ровер „Опортјунити“ престанал да испраќа сигнал пред осум месеци и дека НАСА изгубила секаков контакт со него.
Робот-возилото, како извор на енергија користел сончева енергија, но веќе не можело да се напојува оти сончевите колектори му биле прекриени со прав.
Кога во 2004 година „Опортјунити“ слета на Марс малкумина веруваа дека ќе издржи повеќе од 90 дена.
– Малиот робот ги надмина сите очекувања и ни даваше слика за Марс повеќе од 14 години – нагласи раководителот на програмат Џон Каплас.