Изведбата на мјузиклот Мама Миа, која беше планирана да се изведе по повод денот на виното и вљубените на 14-ти февруари во 20 часот, се откажува поради прогласен ден на жалоста по тешката сообраќајна несреќа, информира МНТ.
„Следната изведба на мјузиклот е закажана на 11 март во 20 часот, а билетите кои публиката ги купи за изведбата на 14-ти февруари, ќе важат за изведбата на 11-ти март“, се вели во информацијата.
НУ Македонски народен театар изразува длабоко сочувство до семејствата на загинатите.