Пораст на антисемитизмот во Германија во 2018 година

75
ФОТО: EPA-EFE-FELIPE-TRUEBA

Германскиот Централен совет на Евреите повика на акција откако беше објавен изештајот во кој се наведува дека има пораст на антисемитистичките напади во земјата.

Претседателот на Центарот, Јозеф Шустер апелира на „поголема посветеност“ на полицијата, на политичарите и на провосудните органи“.

– Најновите бројки се уште не се официјални, но го одржуваат трендот и тоа е алармантно. Тоа што Евреите веќе го чувствуваат субјективно го потврди статистиката, наведе Шустер.

Според прелиминарните податоци на германската Влада во 2018 година регистрирани се 1.646 антисемитистички кривични дела, додека во 2017 година биле забележани 1.504 такви напади.

Портпаролката на германската канцеларка Улрике Демер изјави дека ставот на Владата „е целосно јасен – во Германија нема место за антисемитизам“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...