Германија нема работници, треба да увезува по 260.000 годишно

На земјата ќе ѝ требаат најмалку уште 146 илјади работници годишно од земји надвор од ЕУ.

199

На Германија ѝ требаат најмалку 260 илјади нови работници од мигрантско потекло годишно сѐ до 2060 година за да ги задоволи своите потреби и да го покрие демографскиот недостаток.

Од таа бројка, околу 146 илјади луѓе секоја година ќе треба да имигрираат од земји кои не се членки на ЕУ, покажува истражувањето на Фондацијата Бертелсман, пренесува Дојче Веле.

Поради стареењето на нејзиното население, се проценува дека работната сила во Германија ќе опадне за една третина, или за 16 милиони луѓе до 2060 година, доколку не се зголеми имиграцијата.

Во студијата се заклучува дека Германија под итно мора да донесе имиграциски закони со кои ќе се привлечат средно и високо обучени работници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...