Нетанјаху: Заеднички интерес е војна со Иран

1607

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека планира да соработува со арапските земји на конференцијата за Блискиот Исток во Варшава, која се одржува под покровителство на САД, со цел да се фокусираат на „заедничкиот интерес – војна со Иран”.

Нетанјаху тоа го изјави за новинарите по состанокот со министерот за надворешни работи на Оман, Јусуф бин Алави на маргините на конференцијата.

Израелскиот премиер истакна дека состанокот е значаен, бидејќи е редок, отворен собир со претставници на арапски земји, „кои заедно седат на иста маса со Израел, со цел да напредуваат во заедничкиот интерес – војна со Иран”.

Од друга страна, Иран, конференција во Варшава, ја нарече обид на САД да ја „демонизираат” улогата на земјите на Блискиот Исток и да го поткопаат Советот за безбедност на ОН.

Во т.н „нон пејпер“, објавен од страна на иранската Влада, се оценува дека „злонамерните намери” на администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп за министерскиот состанок се јасни, иако висок претставник на  Полска го убедувал Техеран дека собирот не е насочен против Иран.

Во документот, се наведува дека „целите и пристрасната агенда” на состанокот најверојатно, ќе доведе до ескалација на „недовербата, хаосот, кризи и конфликти во регионот, кои веќе длабоко страда поради повеќе трагични катастрофи” .

Конференцијата во Варшава, официјално наречена Министерска програма за промовирање на иднината на мирот и безбедноста на Блискиот Исток, вклучува претставници од најмалку 10 арапски држави.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...