Шпанскиот Парламент не го усвои буџетот, на повидок вонредни избори

76

Долниот дом на шпанскиот Парламент не го усвои предлог-буџетот поднесен од социјалистичката Влада, откако не ја доби поддршката од каталонските сепаратистички партии.

Каталонските сепаратисти, заедно со десниот центар и конзервативците гласаа против предлог-буџетот поднесен од Владата на премиерот Педро Санчез. Против буџетот гласаа 191 од 350 пратеници во Долниот дом.

Каталонските партии најавија дека нема да го поддржат предлог-буџетот доколку Владата не прифати преговори за правото на самоопределување на тој регион во североисточниот дел на Шпанија.

Владата не прифати преговори со објаснување дека тоа не го дозволува Уставот на Шпанија.

Санчез стана премиер минатата година, кога каталонските сепаратисти ја поддржаа партијата Подемос, која се спротивстави на владините мерки за штедење, и другите помали партии, во гласањето недоверба на Владата на неговиот конзервативен претходник Маријано Рахој.

По неизгласувањето на буџетот, шпанската министерка за финансии Марија Хесус Монтеро изјави дека Санчез ќе одлучи дали и кога ќе распише предвремени парламентарни избори.

Таа истакна дека Владата претходно соопшти дека мандатот на Санчез ќе биде скусен доголку не биде изгласан предлог-буџетот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...