Деновите на македонска музика продолжуваат со мултимедијален концерт вечер од 20 часот во „Кино Култура“, на кој ќе бидат изведени дела од тројца македонски композитори.
На концертната програма се „Емпромптија“ на Иван Пенов од 2017, „Theranatos (I-II-III-IV)“ на Дарија Андовска од 2015-та и „Clockwise“ на Влатко Георгиев од 2016 година.
Фестивалот ќе продолжи в недела во Музеј на Град Скопје од 20 часот со концертот на електронски инструменти „Private music“ на Кокан Димушевски, со кого ќе настапи Љубиша Кировски на виола.