Владата не се изјасни за укинување на Законот за пазарџиите, останува на ставот тој да важи од 2020 г.

142

Владата донесе одлука да не даде мислење за Предлог-законот за престанување на важење на Законот за трговија на зелени пазари, бидејќи веќе е донесена одлука со кој се предвидува пролонгирање на рокот за влегување на сила на законот за јануари 2020 година, соопшти Владата.

– Истовремено Влада веќе има формирано работна група за подготвување на нов предлог Законот за трговија на зелени пазари и на која членуваат и претставници на здружението на трговците на зелени пазари и постои цврста политичка определба дека конечното решение ќе биде и во интерес на нивна заштита, се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...