VISIONHELP – Здравје за вашите очи

569

Очите не се огледало само на вашата душа, тие даваат увид и во вашето здравје. Не се вели залудно: Кога нешто е вредно треба да се чува како „очите во главата“. Кога ќе земете в предвид дека над 80% од информациите што ги преземате од светот се преку вашите очи, важноста на нивното здравје не може да се занемари.

Видот е бесценето сетило преку кој го откриваме светот околу нас. Вашите очи како и другите органи на вашето тело се подложни на стрес и повреда и може да го изгубат својот потенцијал ако не се грижите за нив.

Повеќето луѓе не размислуваат за здравјето на очите додека не почувствуваат некаква промена со видот. Вашите очи се како и другите органи на вашето тело, со тоа што тие се менуваат како стареете. Важно е да се одржува здравјето на очите.

Очите секојдневно се оптеретуваат како и другите органи, во споредба со другите органи, окото е многу подложно на оксидативно оштетување поради постојаното изложување на светлина и неговото високо метаболично ниво.

VISIONHELP, Здравје за вашите очи

MARNYS® VISIONHELP е ексклузивна формулација којашто овозможува полесна визуелна хигиена, поради неговата антиоксидантна акција, како и одржување на метаболизмот во окото и ткивата што го опкружуваат, како што се мукозните мембрани и крвните садови.

VISIONHELP капсулите коишто се нови на пазарот се природен додаток во исхраната. На вашите очи ќе им дадат подобра визуелна функционалност, фото заштита и антиоксидант. Концентратот од боровинка, Бета – каротенот, витамините и минералите ќе помогнат во оддржувањето на нормален вид.

Цинкот и рибофлавинот придонесуваат за одржување на нормална визија во контекст на избалансирана и разновидна исхрана и здрав начин на живот.

Каротените присутни во MARNYS® VISIONHELP (лутеин, зеаксантин и бета-каротен) обезбедуваат витамин А, кој ја олеснува нормалната функција на видот и мукозните мембрани околу окото.

Боровинката обезбедува 25% антоцијанозиди, кои се полифеноли со моќно антиоксидантно дејство.

Таурин е најзастапна амино киселина во мрежницата, а аргинин е есенцијална амино киселина во окуларен метаболизам.

Витамините Б1 (тиамин), Б2 (рибофлавин), Б3 (никотинамид), Ц и Е помагаат во борбата против оксидативниот стрес и одржувањето на доброто визуелно функционирање.

Минералите магнезиум, цинк и селен го олеснуваат балансот на регенерацијата на клетките и балансот на електролитите.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...