Британската интернет-страница „Бук беб“, која се занимава со промовирање и продажба на нови и половни книги, по повод месецот на љубовта, спроведе анкета за тоа која љубовна приказна од англосаксонската книжевност, е најдобра.
Така, од вкупно 800 читатели, најмногу гласови доби романот на Џејн Остин – „Гордост и предрасуди”, а на второ место се најде серијалот книги „Туѓинка” на Дајана Габалдон, по којшто е снимена и светската хит ТВ серија.
Натаму на топ пет листата се „Мостовите на округот Медисон” на Роберт Џејмс Варела, „Оркански висови“ на Емили Бронте, како и приказната сместена во СССР во 1941., „Бронзениот коњаник” на руско-американската писателка Полина Сајмонс, која има и две продолженија – „Татјана и Александар” и „Летна градина“.