Меј бара повеќе време за преговори со ЕУ за границата со Ирска

93
ФОТО: EPA / PETE SUMMERS

Британската премиерка Тереза Меј се очекува денеска да побара повеќе време за преговори со ЕУ за „бекстоп“ протоколот во однос на ирската граница.

„Бекстоп“ е своевидна безбедносна мрежа која гарантира дека нема да има „тврда граница“ меѓу двете Ирски, дури и ако Велика Британија излезе од ЕУ без договор.

– Разговорите се во круцијална фаза – рече Меј пред обраќањето пред парламентот.

Меј додаде оти „сега треба да ги сочуваме нервите за да ги добиеме промените кои ги бара Законодавниот дом и да го спроведеме Брегзит на време“.

– Добивајќи ги промените што ни се потребни за „бекстоп“, со заштита и унапредување на правата на работниците и заштита на животната средина и со зајакнување на улогата на парламентот во следната фаза од преговорите, верувам дека можеме да постигнеме договор што овој Дом може да го поддржи – потенцираше премиерката.

ФОТО: EPA / PETE SUMMERS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...