Роман за предвоените Евреи во Литванија преведен на македонски

85

„Романса во малото гратче“ – автобиорафскиот роман на Григориј Канович, кој раскажува за мало место во Литванија во пресрет на Втората светска војна, деновиве излезе од печат во издание на „Прозарт медија“. Преводот од руски јазик е на Обухова Елена Сергеевна и Никола Шуканов.

-Воден од споменот на неговата сакана мајка, маестралниот раскажувач нè шета низ средината на својот семеен свет, рекреирајќи го минатото кое е неповратно уништено. Канович живо се сеќава на неговото родно место, на политичката криза од 1930-тите, на богатите трговци и чистачи на чевли, луѓето, озборувањата… Секако, тој го следи и растечкиот страв од нацистите, руската инвазија, политичкиот прогон и апсењата и прогонетите, што ја обликуваа нацијата. „Романса во малото гратче“ e роман полн со нежна наклоност, мека иронија и остри забелешки – наведува издавачот.

Писателот Канович го преживеал холокаустот и сега тој е познат и ценет како чувар на колективното сеќавање на генерациите литвански Евреи и врвен прозен мајстор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...