Виктор Стојчевски, син на пратеничката Мира Стојчевска од СДСМ е нововработено лице во ЕЛЕМ. Компанијата тврди дека Виктор ги исполнил бараните услови на конкурсот.
– Виктор Стојчевски е примен во редовен работен однос во компанијата по претходно објавен оглас за вработување. За работното место за кое конкурирал, наведениот ги исполнувал сите критериуми наведени во огласот. Комисијата одлучила почитувајќи ги сите законски одредби, соопшти АД ЕЛЕМ.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, изјави дека синот на пратеничката Мира Стојчевска од неодамна работи во ЕЛЕМ.