Повисоки цените на индустриските производители за 0,4 отсто на месечно ниво

47

Продажните цени на производителите на индустриски производи, во декември 2018 година се повисоки на месечно ниво за 0,4 отсто, а се пониски за 0,8 отсто на годишно ниво.

Државниот завод за статистика објави дека во декември 2018, во споредба со ноември 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во секторот рударство и вадење камен за 0,7 отсто и во секторот преработувачка индустрија за 0,5 отсто, а се пониски во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 2,2 отсто.

Во декември 2018, во споредба со декември 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи  се пониски во секторот рударство и вадење камен за 14,9 отсто и во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1,7 отсто, а во секторот преработувачка индустрија се повисоки за 0,7 отсто.

На странските пазари во декември 2018 година продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки за 0,5 отсто на месечно ниво, а се пониски за 0,8 отсто на годишно ниво.

Во декември 2018, во споредба со ноември 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки во секторот рударство и вадење камен за еден отсто и во секторот преработувачка индустрија за 0,4 отсто.

Во декември 2018, во споредба со декември 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски во секторот рударство и вадење камен за 14,1  отсто, а во секторот преработувачка индустрија се повисоки за 0,7 отсто.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...