Стопанска комора: Пазарџиите да кажат дали им треба комора

Од Стопанската комора велат дека се потребни сериозни измени во Законот за трговија на зелени пазари што би подразбирало регулирање на тоа кој се може да продава на пазарите.

95

Формирањето комора на тезгаџии да не се регулира со Законот за трговија на зелени пазари, а трговците поединци, пензионерите, лицата со договор на дело и вработените да се вратат во законското решение, да им се дозволи да продаваат на пазар, бараат од Стопанската комора.

Даниела Михајловска Василевска од комората вели дека е потребно отворање широка јавна дебата по ова прашање доколку тоа не го сторат институциите.

– Станува збор за специфична категорија работодавачи кои не остваруваат толку големи примања за да имаат дополнителни трошоци. Регулирањето на нивното работење е веќе видливо низ институциите на системот и дополнително не треба да се оптоваруваат. Сепак, закупците на тезги треба да одлучат дали им треба комора и како да се формира. Ако имаат интерес за комора, таа може да се формира и надвор од Законот – рече Михајловска Василевска.

Од Стопанската комора велат дека се потребни сериозни измени во Законот за трговија на зелени пазари што би подразбирало регулирање на тоа кој се може да продава на пазарите.

Пазарџиите пак  се за повлекување на законското решение со кое од нив се бара да плаќаат за добивање лиценца.

Владата пак најави дека ќе ја одложи за една година примената на Законот за трговија на зелените пазари.

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска најави широка јавна расправа за промена на делови од законот.

– Сметам дека  мора да има закон, но нема да биде каков што е актуелниот. Одредбите од законот отворено ќе ги договараме со сите засегнати страни и ќе донесеме одлука, имајќи во предвид дека имаме доволно време зашто законот е одложен за следната година – рече Бектеши.

Тој нагласи дека минатата недела заедно со премиерот Зоран Заев имале состанок со пазарџиите од Бит пазар и Зелениот пазар на кој се договориле и нив да ги вклучат во работната група за новиот закон

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...