Турската крајбрежна стража спаси 69 мигранти во Егејско Море

46

Турската крејбрежна стража денеска спаси 69 илегални имигранти, меѓу кои и 36 деца, во близина на брагот на Егејското Море.

Бродот кој превезувал мигранти се преврти по дефект на моторот во близина на туристичкиот град Кушадаси. Бродот почнал да тоне кога се приближила крајбрежната стража. Илегалните мигранти се обидувале да стасаат до грчкиот остров Самос.

Од почетокот на годинава, 1.061 мигрант се обиделе да стасаат до грчките острови преку Турција, што претставува намалување на бројката од 2.191 мигрант во истиот перид лани, покажуваат податоците на турската крајбрежна стража.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...