Почина писателот Методија Фотев

214

Утрово, по кусо боледување, почина македонскиот романсиер и поет Методија Фотев (роден на 14 март 1932 година во Љубојно, Преспанско).

Фотев беше член на Друштвото на писатели на Македонија од 1957 година. Неговото книжевно творештво го сочинуваат повеќе романи: „Потомците на Кат“ (1966),Селани и војници“ (1969), „Големите скитачи“ (1970), „Неплодна вода“ (1978), „Вивариум“ (2010), како и поетската збирка „Поезија не за одмор“ (2002).

Добитник е на наградите: „11 Октомври“, „13 Ноември“, „Рациново признание“.

Погребот ќе се одржи утре, во присуство на најтесниот семеен круг.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...