Наградата на Британската академија за филмска уметност (БАФТА) за најдобар филм му припадна на црно-белиот „Рома” на мексиканскиот режисер Алфонсо Куарон, а пак за најдобар британски филм е прогласен „Миленичка” на Јоргос Лантимос.
Наградата за режија ја освои Куарон, Реми Малек го доби признанието за најдобра машка улога за „Боемска рапсодија”, а за најдобра женска улога е наградена Оливија Колман за „Миленичка”.
„Миленичка” имаше 12 номинации, а победи во седум категории.
На свеченото доделување во Ројал Алберт Хол, присуствуваа и британскиот принц Вилијам со својата сопруга Кејт, како и бројни филмски ѕвезди и познати личности.
ФОТО: Нетфликс / Википедија