На проверка одбиените апликации од годишните конкурси за културата

121

Во Министерството за култура денеска треба да бидат разгледани одбиените апликации на годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2019 година.

Министерот Адеми вчера најави дека сите проекти, сите апликации за кои има трошка сомнеж ќе бидат отворени пред јавноста, и сите апликанти кои се одбиени пповторно ќе се анализираат.

Одлуките за сите одбиени апликации ќе бидат поништени, и по нивното повторно разгледување, доколку се утврдат недоследности, листата на поддржани проекти од национален интерес ќе биде дополнета.

Разгледувањето на одбиените апликации следува во бројните реакции во јавноста за направениот избор на добитниците на годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2019 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...