Дали со пиво би мезеле чоколадо?

Иако можеби не е многу вообичаена комбинација, оваа е една од оние што едноставно треба да се пробаат. А дали со пиво ќе мезите чоколадо или со чоколадото ќе пиете пиво, тоа си е ваша работа

203

„Пред 20 години понудата на пиво се сведуваше само на светли и темни и „грчки“ и „кочански“ односно грч и кочан ладни пива и се консумираа само и строго со кикирики (понекогаш и со смоки со вкус на кикирики).

Денес понудата веќе секојдневно се збогатува и постојат речиси 50-тина категории на пивски стилови.

Токму поради тоа, секој пивски стил си бара посебен и соодветен третман за подобро да го запознаете и прифатите.

На вас останува дали ќе ви се допадне или не“, вели Марјан Костадиновски, кој е организатор на утрешната дегустација на пиво и чоколадо во „Кашмир“.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...