Протести во Мадрид, се бара оставка на премиерот Санчез

76

Илјадници Шпанци денеска се собраа на протест во Мадрид на повик на десничарските партии со барање социјалистичкиот премиер Педро Санчез да поднесе оставка.

Протестите ги организираа конзервативните опозициски партии Народна партија и Граѓани, а ги поддржа крајната десничарска партија Вокс, сметајќи дека Санчез мора да отстапи, бидејќи преговара со каталонските сепаратисти.

Владата на Санчез во петокот ги прекина преговорите со каталонските сепаратисти, бидејќи тие, како што соопшти вицепремиерката Кармен Калво, не отстапија од своето барање да се одржи референдум за независност на Каталонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...