21 загинат во уривањето на зградата во Истанбул
loading...
Во изјавата за новинарите што ја даде на местото на несреќата, Сојлу истакна дека се смета оти под урнатините се наоѓале вкупно 35 лица, и оти сите се извлечени.
– Четиринаесет од 35-те лица се спасени од под урнатините, додаде тој, нагласувајќи дека оние кои се одговорни за оваа несреќа ќе одговараат пред законот.
Турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа вчера информираше дека 13 повредени се наоѓаат во болница, од кои две лица се во сериозна состојба, јави Анадолија.
Претседателот Реџеп Тајип Ердоган, исто така, изрази сочувство за жртвите од уривањето на зградата.
– Има лекции што треба да ги научиме, изјави Ердоган за време на посетата на местото.
Седумкатницата во истанбулската населба Картал се урна во средата, поради сѐ уште непознати причини. Во мометот на уривањето во зградата имало 35 станари.