Елизабет Ворен се кандидира за претседателка на САД

126

Демократската сенаторка Елизабет Ворен официјално се кандидираше за претседателка на САД во градот на работничката класа – Лоренс во државата Масачусетс.

Својата кампања за 2020 година ја заснова на популистичкиот повик на борба против економската нееднаквост и изградба на Америка „која е добра за сите“,

Најавувајќи ја кампањата, Ворен одлучно повика на промени и го осуди „теснецот“ во кој се наоѓа средната класа, во ситуација во која, според неа, „богатите не мора да преземаат одговорност а сите други добиваат премалку шанси за успех“, пренесе Гласот на Америка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...