Сѐ уште расте бројот на загинати во уривањето на зградата во Истанбул

116
ФОТО: МИА

Бројот на загинати во уривањето на зградата во Истанбул се зголеми на 18 жртви, потврди турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, јави агенцијата Анадолија.

Во населбата Картал, во азискиот дел на Истанбул, во средата попладне се урна седумкатница, додека во неа имало 30 станари. На местото на настанот пристигнаа голем број полициски, амбулантни и противпожарни тимови. Од безбедносни причини евакуирани се и зградите во околината, а пребарувањето на урнатините сѐ уште трае.

Во Истанбул денеска беше организирано испраќање на жртвите од несреќата, а на погребната молитва присуствуваше и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, информира Анадолија.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...