Тајландската принцеза се повлече од трката за премиер, откако брат и рече дека тоа е непристојно

469
ФОТО: МИА

Тајландската принцеза Уболратана Раџакања Сиривадана Барнавади (68), која се кандидираше за премиер на земјата на претстојните избори, ја повлече кандидатурата бидејќи нејзиниот помлад брат, кралот Маха Вајиралонгкорн и забрани да учествува на изборите, оценувајќи дека тоа не е пристојно и не е во согласност со традицијата на кралското семејство.

– Принцезата Уболратана е првото дете на покојниот крал Бумибол Адулјадеџ и кралицата Сирикит… Таа е многу почитувана од сите членови на кралското семејство… Нејзиното учество во политиката е против долгогодишната национална традиција и е многу несоодветно – се наведува во писмената изјава на кралот Маха Вајиралонгкорн.

Во изјавата кралот нагласува и дека „монархијата треба да остане над политиката“.

Реакцијата на кралот Маха Вајиралонгкорн уследи само неколку часа откако популистичката партија Спас за тајландската нација (ТРЦ), формирана од сојузници на соборениот тајландски премиер Таксин Шинаватра, соопшти дека ја предлага принцезата Уболратана за нејзин кандидат за премиер.

Принцезата подоцна преку Инстаграм и се заблагодари на партијата за номинација, нагласувајќи дека таа се откажала од нејзината кралска титула и дека сега е само обична граѓанка без привилегии.

Партијата Спас за тајландската нација денеска соопшти дека ќе се придржува на желбите на кралот.

Инаку, принцезата Уболратана, која долги години во Калифорнија, е позната и по тоа што глумела во неколку тајландски телевизиски сапуници.

Еден од главните нејзини ривали за премиерската функција на изборите на 24 март, актуелниот премиер Прајут Чан-оча, оцени дека кандидатурата на принцезата претставува кршење на законот, бидејќи тој забранува политичките партии да ја користат монархијата во своите кампањи.

Тајланд е уставна монархија од 1932 година, но кралското семејство има големо влијание и ужива поддршка од милиони граѓани.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...