Селин Дион го стави своето здравје пред кариерата – на социјалните мрежи објави дека ги откажува настапите во Лас Вегас закажани за март и за април, бидејќи морала да изврши хируршка интервенција на увото.
Според објавата, Дион имала сериозен проблем со еустахиевата туба (цевче што го спојува ждрелото со средното уво), што предизвикувало неправилности во слухот и исклучително ѝ го отежнувало пеењето.
Дијагнозата на Селин Дион ѝ била поставена пред една година и земала различни лекови за подобрување на состојбата, но лековите повеќе не биле ефикасни и сега мора да оди на операција.
Се наведува дека пејачката ќе била подложена на „минимално инвазивна хируршка процедура“.
м со еустахиевата туба