Бинош бара да прекине линчот против Вајнстин

Актерката вели дека никогаш немала таков проблем со Вајнстин, но дека забележала оти тој има некакви проблеми.

538

Оскаровката Џулиет Бинош ја повика јавноста да стави крај на цензурата на случајот со Харви Вајнстин и додаде дека „правниците треба да си ја вршат својата работа“.

– Се обидувам да се ставам во негова кожа. Мислам дека е доста – изјави Бинош, која е на чело на жири-комисијата на Берлинскиот филмски фестивал.

Актерката додава дека таа немала никакви проблеми кога работела со филмскиот магнат на своите филмови „Чоколадо“ и „Англиски пациент“.

Таа вели дека никогаш немала таков проблем со Вајнстин, но дека забележала оти тој има некакви проблеми.

– Како продуцент, тој беше прекрасен. Сметам дека е одличен продуцент. Не смееме да го заборавиме тоа, иако некои режисери и актери искусија проблеми. Особено актерки. Сакам само да додадам дека му посакувам мир, а вистината ќе излезе на виделина – рекла актерката Бинош.

Вајнстин беше обвинет за сексуално вознемирување од преку 80 жени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...