За гасоводот „Северен поток 2“ Унијата ги заостри правилата

757

Европската унија реши да ја заостри регулативата за гасоводот „Северен поток 2“, што ќе дистрибуира гас од Русија до Германија, но нема да не го спречува неговото завршување.

Изградбата на „Северен поток 2“, долг 1.225 километри, под Балтичко море е веќе во поодмината фаза и треба да заврши до крајот на оваа година.

Наместо забрана, ЕУ сака гасоводот да го усогласи со своите енергетски правила.

Германија смета дека тоа може да предизвика гасоводот да биде неекономичен и неодржлив.

Сепак, на крајот, 27 од 28 амбасадори на ЕУ се согласија со француско-германскиот компромис, што значи дека Германија може да остане главен преговарач во проектот „Северен поток 2“.

Германија и Франција денеска постигнаа компромисен договор за изградба на гасоводот „Северен поток 2“, поради што не дојде до блокада на проектот.

– Официјална Москва се надева оти членките на ЕУ ќе донесат одлука за гасоводот „Северен поток “ без влијание на САД и смета на завршување на тој проект – изјави портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.

Тој рече дека ставот на САД по прашањето на тој гасовод не е во корелација со фер конкуренцијата и дека официјален Вашингтон се обидува да ги натера европските земји да купуваат поскап гас.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...