Земјоделците од Куманово и од Гњилане ќе соработуваат

132

Општина Куманово објави повик до земјоделците, производители на овошје, зеленчук и млечни производи, да се пријават и да се поврзат со земјоделците од Општина Гњилане, Косово и да остварат поголема продажба.

Повикот се објавува во рамки на проектот „Одржлив пазар за свежи земјоделски производи во прекугранична област во Опшина Гњилане и Општина Куманово“, финансиран и поддржан од ЕУ од прекуграничната соработка.

Главната цел на проектот е да се зголеми продажбата и профитот на свежи земјоделски производи во двете општини преку организирање на напредни зелени пазари. Во рамките на проектот предвидено е дирекна комуникација помеѓу целните групи и логистичка поддршка преку обуки за оценување на производи, претприемништво и социјални претпријатијабрендирање на производи и пласман.

Општина Куманово во наредниот период ќе организира средби помеѓу земјоделци, произведувачи на овошје и зелечук, млечни производи како и  компании преработувачи, компании за трговија на големо и мало од Куманово и регионот.

Заинтересираните кои сакаат  да присуствуваат на овие средби и да бидат дел од проекот ќе треба да го пополнат образецот или да достават пополнет образец во канцелариите на Општина Куманово најдоцна до 31 март годинава.

Договорот за соработка за овој проект беше потпишан од градоначалниците кон крајот на минатата година. Преку проектот се очекува да се модернизира пазарот во Куманово, да се подобрат локациите за продажба, да се брендираат одредени производи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...