Богатите и славните ги излуди новата црква Хилсонг

268

Во низата бизарни верски заедници, уште една го привлекува вниманието на многу познати лица. По скиентологијата, познатите личности ширум светот имаат нова фасцинација. Станува збор за црквата што се вика Хилсонг, чие седиште е во Австралија, а ја основале сопружниците Бријан и Боби Хјустон. Малата заедница почнала со средби во една куќа во Сиднеј, а денес е институција со 20 милиони долари приходи годишно.

Ги привлекуваат богатите и славните, имаат десетици илјади следбеници, а царството го прошириле и надвор од Австралија. Центри имаат дури и во Њујорк, Москва и во Буенос Аирес.

Црквата е основана во 1983 година, а интересно е да се напомене дека финансиерите на црквата се ослободени од плаќање данок за своите пари. Затоа, не е чудно што црквата бележи сè поголеми приходи.

Влијателни се до толку што имаат своја дискографска куќа и телевизиска програма. Во нивната програма стои и дека се противат на истополовите бракови и на правата на абортус. Црквата, за разлика од другите црковни заедници, е препознатлива по својот слободен пристап, кој повеќе наликува на концерти отколку на вообичаените проповеди.
Меѓу познатите членови на црквата се Селена Гомез и Џастин Бибер, а освен нив црквата ја симпатизираат и актерката Ванеса Хаџенс, како и сопругата на Алек Болдвин, Хајли.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...