Меган жртва на скандал со топлес фотографии

„Меркјури њуз“ пишува дека веб-страницата што ги објави лажните голи фотографии од Меган Маркл е веќе обвинета за фотошопирање фотографии од славни личности.

1550
epa06521807 Meghan Markle during a visit to Edinburgh Castle, in Edinburgh, Britain, 13 February 2018. Britain's Prince Harry and his fiancee Meghan Markle are on their first official joint visit to Scotland. EPA-EFE/ROBERT PERRY

Два месеца пред свадбата, свршеницата на принцот Хари, Меган Маркл, стана жртва на скандал со топлес фотографии објавени на озлогласената веб-страница „Селеб џихад“, за кои од Кенсингтонската палата изјавиле дека се лажни.

Веста за фотографиите на кои идната членка на британското кралско семејство наводно е полугола, се појави на споменатиот сатиричен сајт, кој често објавува автентични и лажни фотографии, на кои познати личности се разголени, а за кој многу медиуми пренесоа дека станува збор за интернет-страница поврзана со ИСИС, што не е точно. „Инквистер“ подетално ја истражил сторијата и пишува дека станува збор за сатиричниот сајт што не е поврзан со ИСИС.

– И додека овој скандал не добива толку на значење во меѓународна смисла, како што беше случај со масовното хакирање фотографии на познати личности во 2014 година, големи се шансите дека фотографиите од Меган Маркл добиваат големо внимание од полициските служби – пишува уште „Инквистер“, додавајќи дека нарушување на приватноста на ваков начин се сфаќа многу сериозно до надлежните.

Сепак, не може да се прецизира дали се води истрага за објавените фотографии на кои Меган е прикажана разголена и кој точно би можел да го истражува случајот.

На една од фотографиите Меган е прикажана како ги крие голите гради со рака, додека лежи и пие шампањ.

„Меркјури њуз“ пишува дека веб-страницата што ги објави лажните голи фотографии од Меган Маркл е веќе обвинета за фотошопирање фотографии од славни личности. Меѓу жртвите од минатото се Тејлор Свифт, Кејт Аптон и Меган Фокс. Кога за првпат се појавиле фотографиите од Меган Маркл, таа се заканила дека ќе ја тужи веб-страницата доколку тие не ги отстранат фотографиите од интернет. Од пародичниот сајт обвинуван дека објавува шпекулации и фотошопирани фотографии, тврделе и се бранеле дека фотографиите се објавени како сатира и одбиле да удоволат на барањето на Фокс.

Без разлика на (не)автентичноста на фотографиите, по нивното објавување на интернет се појавија многу критики на корисници што поверуваа во веродостојноста на објавеното, па коментираа: Ова е идното кралско семејство, сериозно?

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...