Лозарите ќе се опарат до крајот на март

Министерот Николовски најави и дека пред Свети Трифун ќе бидат исплатени 14 милиони евра субвенции по површина за лозарите.

159

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски очекува лозарите да ја добијат дополнителната поддршка за неисплатеното винско грозје до крајот на март годинава.

Како што рече денеска на прес-конференција во Владата, процедурата за исплата ќе зависи од времето што му е потребно на Државниот земјоделски инспекторат за обработка на податоците. Тоа веројатно ќе трае околу 15 дена.

-Државниот инспекторат од утре ќе направи јасен пресек колку должници има- истакна Николовски.

Тој нагласи дека трудот на лозарите мора да се плати.

Во врска со реализацијата на долгот од двете винарии што државата, министерот објасни дека има правни механизми што мора да се испочитуваат за средствата да се влеат директно во државниот буџет.

Министерот Николовски најави и дека пред Свети Трифун ќе бидат исплатени 14 милиони евра субвенции по површина за лозарите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...