Судот во градот Хернинг, Данска, осуди жена на четири години затвор оти на својот син му вадела по 500 милилитри крв еднаш седмично во период од пет години.
Жената, инаку медицинска сестра, 110 пати му извадила крв со помош на катетер, во период кога момчето имало меѓу една и шест години, а потоа на лекарите им кажувала дека неговата лоша крвна слика се должи на ретка болест на коскената срцевина. Докторите сепак се посомневале во „местенката“, ја известиле полицијата, па надлежните наложиле тајно снимање.
Во психијатрискиот извештај добиен, исто така, по налог на судот, се вели дека мајката страда од „Синдромот на Минхаузен”. Тоа е психичка состојба кога родителот, за да привлече внимание на себе, намерно го повредува своето дете или го прави болно.