Анкета: Што сакаат патниците да има на долгите летови со авион?

117

Авиокомпанијата Квантас направи анкета околу тоа што патниците би сакале да има на нивните долги авионски летови. Некои од поинтересните предлози се велосипед за вежбање, часови по медитација и кафетерија за здрава храна.

Сепак, на крајот топ-листата на австралиската компанија изгледа вака:

– Сала за фитнес

– Простор за медитација

– Подобри слушалки за паметни уреди

– Кафуле

Генералната директорка на авиокомпанијата, Алисон Вебстер нагласи дека е задоволна од повратниот одговор на анкетата, како и дека некои предлози сигурно ќе се воведат до 2022 година, за кога се планираат реформите.

Квантас инаку е познат по тоа што, на пример, воведе посебно дизајнирано осветлување кое им помага на патниците да се прилагодат на новата временска зона, доколку се работи за лет подолг од 10 часа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...