Владата преку јавно-приватно партенрство ќе гради нов систем за дистрибуција на природен гас. Најавено започнување на постапката за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство.
Министерството за економија треба да формира Комисија за спроведување на постапката.
За таа цел Владата ги задолжи министерствата за животна средина и просторно планирање и за транспорт и врски, кабинетите на Претседателот на Владата и на Заменик на Претседателот на Владата задолжен за координација на економските ресори, понатаму Регулаторната комисија за енергетика и АД МЕР Скопје, во рок од три дена до Министерството за економија да достават номинации за член и заменик член во Комисијата за спроведување на постапката за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за изградба на нов систем за дистрибуција на природен гас на територијата на Република Македонија.
Паралелно на ова, продолжува започната активност преку Европската Банка за обнова и развој за изградба на гасоводната мрежа.